Избори / Фото: МИА

Во тек акредитациите за набљудувачи на локалните избори

Државната изборна комисија (ДИК) информира дека согласно Роковникот за локалните избори 2025, е во тек постапката за поднесување барања за акредитација за набљудување и известување од изборите закажани за 19 октомври. Досега, за следење на изборниот процес е акредитиран само Младинскиот културен центар Битола.

Рокот за поднесување барања трае до 8 октомври во полноќ. Право на поднесување имаат домашни здруженија и странски организации регистрирани најмалку една година пред изборите, во чиј статут е предвидена заштитата на човековите права, меѓународни организации, странски дипломатски претставништва, како и домашни и странски медиуми.

Барањата за акредитација, со потребната документација, се доставуваат на електронската адреса [email protected]. ДИК ќе издаде овластувања на сите пријавени кои ги исполнуваат условите најдоцна седум дена по приемот на барањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот