Во Свети Николе уапсен дилер, полицијата му пронашла екстази, марихуана и пари

Полиција / Фото: МВР

Полицајци од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, вчера во 14:10 часот на ул.„Младинска“ во Свети Николе, го лишиле од слобода Б.М.(18) од Свети Николе.

Како што информира денеска МВР, тој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Свети Николе. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети екстази и пари.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот