18.8 C
Скопје

Во судар на камион и автомобил кај Скудриње повредни две лица

За време на увидот во прекин беше сообраќајот за тешки моторни возила, а наизменично се пропуштаа лесни. 

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат кај долнореканското село Скудриње. По извршениот увид, сообраќајот е нормализиран и се одвива во двата правци.
Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 14 часот била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која учествувале:патничко миторно возило “ауди” со струшки регистарски ознаки управувано од В. Ц. (53) од Дебар и товарно моторно возило-влекач “даф” со скопски ознаки, што го управувал Ј.Д.(45) од Скопје. Во несреќата, возачот и две сопатнички во “аудито” задобиле телесни повреди и пренесени се во дебарската болница за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
За време на увидот во прекин беше сообраќајот за тешки моторни возила, а наизменично се пропуштаа лесни.

Поврзани вести

Рама и Мета ја поздравија одлуката на Холандија за Албанија да почне преговори со ЕУ

Слободен печат

ООН ги поздрави резултатите од средбата меѓу Бајден и Путин

Слободен печат

Шахпаска: Креираме законско решение кое ќе одговори на денешното современо време

Слободен Печат

СДСМ: Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е под палка на бегалецот од Будимпешта

Слободен Печат

Подеми и падови во односите на Путин со американските претседатели

Слободен печат

Паника во Рим: Пронајдена бомба во автомобил на три часа пред почетокот на натпреварот Италија – Швајцарија

Слободен печат

Остави Коментар