Во стилот на Марота: Четири нови фудбалери доаѓаат во Интер бесплатно?!

Џузепе Марота, директорот на Интер/фото: EPA-EFE/Alessandro Crinari

Директорот на Интер, Џузепе Марота е познат по тоа што често успева да привлече играчи во својот клуб на кои им истекуваат договорите.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Марота ќе обезбеди четворица играчи следната зима кои од следната сезона ќе го носат дресот на „нераѕурите“.

Прв на листата е 20-годишниот дефанзивец на Лил, Тиаго Џало, Португалец на кого му предвидуваат голема иднина.

Вториот е соиграчот на Елиф Елмас од Наполи, Полјакот Пјотр Зиелински, кој веќе се поврзуваше со клубот од Милано.

Тука е и играчот од средниот ред на Вест хем, Томаш Соучек, додека четврти на листата е напаѓачот на Порто, Мехди Тареми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот