Во Србија регистриран првиот случај на „стелт“ омикрон

Лекари / Србија / EPA-EFE

Првиот случај на „стелт“ омикрон е регистриран во Србија. Оваа информација за РТС ја потврдија од Медицинскиот факултет во Белград.

Се верува дека мутираниот подвид на сојот омикрон, наречен BA.2, е позаразен од оригиналниот тип BA.1.

Српскиот виролог Тања Јовановиќ вели дека новата подваријанта полека станува доминантна во некои земји, но се претпоставува дека клиничката слика е слична на првата.

Како што истакна таа, вакцината штити и од умерени и од тешки форми на болеста.

Јовановиќ за РТС изјави дека во Србија е забележана оваа подваријанта, која првпат беше откриена на Филипините на крајот на јануари, се шири уште побрзо од претходната, а полека станува доминантна во некои земји, како Данска, Индија, Велика Британија и Германија.

Присуството на оваа подваријанта, како што наведува, е докажано во повеќе од 50 земји.

Сѐ за „стелт омикрон“: Сестринската варијанта на омикрон е уште позаразна, може да предизвика бран на „двогрба камила“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот