Сѐ за „стелт омикрон“: Сестринската варијанта на омикрон е уште позаразна, може да предизвика бран на „двогрба камила“

омикрон
Фото: Profimedia

Иако случаите на зараза веќе го достигнаа врвот во некои земји, научниците сега го следат порастот на случаите предизвикани од „сестрата“ на омикрон, позната како БA.2, која почнува да го надминува БA.1 во делови од Европа и Азија Високо преносливата варијанта омикрон на коронавирусот – чија најчеста форма е позната како БА.1 – сега ги опфаќа речиси сите инфекции со ковид на глобално ниво.

Иако случаите на зараза веќе го достигнаа врвот во некои земји, научниците сега го следат порастот на случаите предизвикани од „сестрата“ на омикрон, позната како БA.2, која почнува да го надминува БA.1 во делови од Европа и Азија.

Ова досега го знаеме за новата подваријанта Подваријанта „стелт“

На глобално ниво, БA.1 опфаќа 98,8 отсто од секвенционираните случаи кои се доставени до јавната база на податоци за следење на вирусот GISAID од 25 јануари. Меѓутоа, неколку земји известуваат за неодамнешно зголемување на случаите на БА.2, според Светската здравствена организација (СЗО).

Покрај БA.1 и БA.2, СЗО наведува уште две подваријанти, блиски роднини на омикрон – БA.1.1.529 и БA.3. Сите тие се генетски тесно поврзани, но секој сој има мутации кои би можеле да го променат нивното однесување, пишува „Гардијан“.

Тревор Бедфорд, компјутерски виролог во центарот „Фред Хачинсон“ во САД, ја следел еволуцијата на Сарс-КоВ-2. Во петокот на Твитер напишал дека БA.2 претставува приближно 82 отсто од случаите во Данска, 9 отсто во Велика Британија и 8 отсто во Америка. Својата анализа ја засновал на редоследот на податоците од базата на податоци GISAID и бројот на случаи од проектот Нашиот свет во податоците на Универзитетот „Оксфорд“ во Британија.

Верзијата на омикрон БA.1 е малку полесна за следење од претходните варијанти. Тоа е затоа што на сојот БA.1 му недостасува еден од трите целни гени што се користат при ПЦР-тестирањето. Се претпоставува дека случаите на инфекции кои го покажуваат овој образец се предизвикани од БА.1. БA.2, понекогаш познат како подваријанта „стелт“, го нема истиот недостасувачки ген. Наместо тоа, научниците го следат на ист начин како и претходните варијанти, вклучително и делта – со следење на бројот на геноми на вирусот доставени до јавните бази на податоци како што е GISAID.

Дали е попренослива новата варијанта?

Некои рани извештаи сугерираат дека БA.2 може да биде уште позаразна од веќе исклучително заразната БA.1, но досега нема докази дека е поголема веројатноста да ја избегне заштитата што ја обезбедува вакцината.

Данските здравствени власти проценуваат дека БA.2 може да биде 1,5 пати попренослив од БA.1, врз основа на прелиминарните податоци, иако е малку  веројатно да предизвика тешка болест. Во Англија, прелиминарната анализа на следењето на контактите од 27 декември до 11 јануари од страна на националната Агенција за здравствена безбедност сугерира дека преносот во домаќинството е поголем меѓу контактите на луѓето заразени со БА.2 (13,4 отсто) во споредба со другите случаи на омикрон (10,3 отсто). Агенцијата не најде докази за разлика во ефекасноста на вакцината.

„Критичното прашање е дали луѓето кои биле заразени во бранот на варијантата БА.1 ќе бидат заштитени од БА.2“, рекол д-р Егон Озер, експерт за заразни болести на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Нортвестерн Фајнберг“ во Чикаго.

– Ако претходна инфекција со БA.1 не штити од БA.2, може да предизвика бран „двогрба камила“. Прерано е да се знае дали тоа ќе се случи – рекол Озер.

Добрата вест е, вели тој, тоа што вакцините и бустерите и понатаму ги „држат луѓето надвор од болницата и спречуваат смртни случаи“.

Каде е БА.2 најзастапена?

Професор Сешадри Васан, истражувач на вакцините против ковид од Австралиската агенција за наука, CSIRO, рекол дека анализата на GISAID покажала дека од 27 јануари се пријавени 10.881 секвенци на БА.2 од целиот свет, но 90 отсто доаѓаат од три земји: Данска (8.357), Индија (711) и Британија (607).

– Досега, доказите на нашите колеги во Данска покажуваат дека, иако оваа подваријанта би можела побрзо да се шири, нема докази дека предизвикува посериозни симптоми. Затоа е важно да останеме смирени и да продолжиме со постоечките мерки, како што се вакцинација и почитување на физичкото дистанцирање, маските и локалните упатства – рекол Васан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот