Во Сплит се појавија графити со повици за убивање Срби — уапсени се петмина насилници што малтретираа српски игроорци
На зградата на училишната сала во населбата Плоките во Сплит утрово осамнале графити со пораки на омраза насочени кон Србите, објави „Далмација Данас“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На ѕидот биле испишани пораки „Убиј Србин“ и „Мрш од Хрватска“, заедно со усташката буква „У“.
За потсетување, ова се случува по инцидентот што го потресе Сплит во понеделникот навечер, кога група од неколку десетици мажи облечени во црно упадна на манифестацијата „Денови на српската култура“ и насилно го прекина настанот на кој учествувале пензионери и деца.
Српските играорци нападнати во Сплит раскажуваат: Беа облечени во црно, бевме исплашени и во шок
Полицијата уапсила петмина осомничени, а десетмина биле приведени на разузнавачки разговори.
Поради сериозноста на инцидентот, во Сплит допатувал главниот државен обвинител Иван Турудиќ, кој одржал состанок со раководителите на Полициската управа Сплитско-далматинска и со жупаниското и општинското државно обвинителство.
„Работиме интензивно, имавме еден добар состанок со началникот на Полициската управа, со жупаниската државна обвинителка и со вршителката на должност на општинската. Засега сметаме дека се работи за кривично дело, за сомневање за сторено кривично дело кое се гони по службена должност“, изјави Турудиќ.


