Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит, побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, го осуди инцидентот во Сплит каде што група млади мажи синоќа ја прекинаа програмата на Денот на српската култура во тој град и изрази очекување дека одговорните ќе бидат гонети што е можно поскоро.
Препорачано
„Остро го осудуваме инцидентот во Сплит за време на културната манифестација на претставниците на српското национално малцинство. Ексклузивноста или која било форма на нетолеранција кон националните малцинства нема место во хрватското општество“, напиша Пленковиќ на мрежата X.
Najoštrije osuđujemo incident u Splitu tijekom kulturne manifestacije predstavnika srpske nacionalne manjine. Očekujemo da nadležna tijela u što kraćem roku procesuiraju odgovorne. Isključivosti ili bilo kojem obliku netolerancije prema nacionalnim manjinama nema mjesta u…
— Andrej Plenković (@AndrejPlenkovic) November 3, 2025
Како што објавија хрватските медиуми, синоќа десетици мажи, од кои многумина маскирани и во црна облека, ги прекинаа Деновите на српската култура во Сплит, а во инцидентот немало физичко насилство.
Според „Слободна Далмација“, група млади мажи им се заканиле на организаторите и публиката и ги избркале од градските простории на Блатина-Шкрапа каде што требало да се одржи Фолклорната вечер.
Хулиганите, како што се додава, го извикувале и усташкиот поздрав „За дом спремни“ и им рекле на насобраните дека не можат да настапат бидејќи ова е месецот во кој се одбележува страдањето на Вуковар. Некои медиуми пишуваат дека тие се членови на навивачката група Торцида.
Организаторите од српското културно друштво „Просвјета“ веднаш го прекинаа настанот, на кој требаше да учествуваат млади луѓе од Нови Сад и други градови, и ги напуштија градските простории за да не се загрози безбедноста на изведувачите и гостите, меѓу кои имаше и деца, објави далматинскиот портал.
Полицијата синоќа објави дека е во тек интензивна кривична истрага, како и дека некои од учесниците на настанот од Нови Сад не се чувствувале безбедно, па им била обезбедена заштита.
Во настанот, додадоа тие, немало физичко насилство и немало повредени.
Инцидентот го осудија многу локални политичари, а градоначалникот на Сплит, Томислав Шута, нагласи дека Сплит мора да биде град на безбедност, толеранција и почитување на сите граѓани и гости, без оглед на нивната национална, верска или која било друга припадност.
Им скандирале „За дом спремни“: Педесет мажи во црно прекинале манифестација на Срби во Сплит


