Во Солун откриена мрежа на нелегални посвојувања и трговија со јајници

Полициски службеник / Фото: Архива

Полицијата во Солун открила мрежа на нелегални посвојувања и трговија со јајници, а биле уапсени 12 лица меѓу кои и доктор и адвокат, но и три жени од Грузија кои имале главни улоги, а во предметот се вклучени над 60 лица, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.

Повикувајќи се на судски извори, АНА-МПА пишува дека во предметот се вклучени десетици случаи на жени од Бугарија кои „по порачка” раѓале деца во Грција, а новороденчињата во замена за паричен износ биле давани на парови кои не можат да имаат деца, jави дописничката на МИА од Атина.

Цената на нелегалното посвојување достигнувала и до 25 илјади евра, во која било вклучени и трошоците за пораѓај и сл. Додека пак, во зависност од полот на бебето, се менувал и ценовникот.

Криминалната мрежа, освен со нелегални посвојувања се занимавала и со трговија на јајници, односно млади девојки од странство кои добивале пари за нивните јајници, за подоцна членовите на мрежат да ги продаваат. Според АНА-МПА, во конкретниот случај веројатно е вмешана и приватна клиника која се занимава со ин витро оплодување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот