Во Софија пронајден мртов македонски државјанин

Фото: Фејсбук

Дваесет и шест годишниот Стојан Спасов од Виница викендов е пронајден мртов во близина на шопинг молот „Парадајс“ во центарот на Софија, потврдија за „Слободен печат“ од бугарското МВР.

Предходно на социјалните мрежи се ширеше фотографија од момечето со информација дека тој е пронајден мртов пред шопинг мол во Софија а причината за смртта на македонскиот граѓанин се уште не е утврдена бидејќи телото е предадено на обдукција.

Иако според нашите сознанија добиени од блиски пријатели на сега веќе починатиот, станува збор за спортист кој извесен период работел и престојувал уредно во соседна Бугарија. Тие во разговор за „Слободен печат“ иако не сакаат да си го откријат својот идентитет велат дека се изненадени од смртта на нивниот млад пријател.

– Од она што дознавме е само дека Столе бил најден мртов пред шопинг-молот „Парадајс“ во Софија. Ниту знаеме зошто починал и како се случило тоа во ноќта на 17 декември. Единствено што слушнавме некакви приказни дека тој наводно паднал од мотор или имал срцев удар. Колку ова е веројатност не можам да тврдам иако велам лично го познавав Столе со години и бевме доста блиски пријатели – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

Пријателот на Спасов вели дека е изненаден од молкот на домашните медиуми и институции за смртта на неговиот другар, кој вели дека добро го познавал и последен пат искомуницирале пред околу две седмици.

– Последен пат се слушнавме преку видео повик со Столе пред две недели. Од нашиот разговор не можев да претпоставам дека имал здравствени проблеми или дека нешто лошо му се случува. Навистина сум изненаден од неговата смрт и сум убеден дека тоа не е природна, туку напротив нешто му се случило на Столе – раскажува пријателот на Спасов.

Во меѓувреме „Слободен печат“ се обрати до бугарското министерство за внатрешни работи и побара информација за потврда и за причините за смртта на 26 годишниот Стојан Спасов до Виница. Од прес службата на бугарското МВР кратко ни одговорија дека е точно дека е починат македонски граѓанин викендов во Софија, но не ни одговорија за кого точно станува збор ниту пак која е причината за смртта.

– Телото на починатиот Македонец е се уште на обдукција и се чека став на Јавното Обвинителство во Софија во однос на случајот. Додека тоа не се објави за жал не можеме да ве информираме по детално за случајот – велат од бугарското МВР за „Слободен печат“.

Во исто време колегите новинари од Бугарија не информираат дека на 17.12 е пронајдено мртво момче на улицата Емилијан Станев бр.4 во центарот на Софија и постои сомнеж дека се работи за самоубиство. Според нив настанот не се случил пред шопинг мол, туку во близина на споменатата улицa се наоѓа трговски центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот