Во Словенија ситуацијата се влошува, воведени се нови правила за карантин

Фото: mia.mk

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени над осум и пол илјади ново инфицирани лица , што е нов рекорд во дневни инфекции од почетокот на епидемијата на Ковид-19,. Ова ја прнуди словенечката влада повторно ги промени правилата за карантин на број на изолации поради ризични контакти.

Новите правила стапуваат на сила од утре , а се однесуваат на здравствените, образовните и социјалните институции. Во иднина, училишните одделенија ќе бидат ставени во карантин само откако 30 проценти од учениците ќе бидат заразени во рок од 14 дена, додека оние кои биле во ризичен контакт ќе треба да се тестираат за коронавирус секој ден во текот на седум дена во неделата .

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Вработените во здравството, социјалната заштита и образованието нема да мора да бидат во карантин по ризичен контакт, туку ќе мора да бидат тестирани седум дена по ред, а им се препорачува да користат поефикасни заштитни маски како што е маската од типот FFP2.

„Ниту едно решение не е идеално, и ова е компромис, и да се надеваме дека ова решение ќе функционира“, изјави за словенечките медиуми епидемиологот Матеја Логар, кој го предводи владиниот експертски совет

Фото: EPA-EFE/IGOR KUPLJENIK

Според неофицијални податоци што утринава ги пренесоа медиумите, во Словенија во последните 24 часа се потврдени 8588 заразени со коронавирус, додека пред седум дена биле регистрирани 5.174 новозаболени.

Ова е нов рекорд на нови заразени во еден ден од почетокот на епидемијата, а процентот на позитивни тестови е околу 60 отсто.

Минатата недела во Словенија беа потврдени речиси 45.000 нови инфекции, убедливо најмногу од почетокот на епидемијата и околу 19.000 повеќе случаи отколку претходната недела.

Според словенечките медиуми, проекциите велат дека врвот на овој епидемиски бран предизвикан од омикрон вирусот ќе се достигне кон крајот на овој или почетокот на следниот месец, а потоа ќе следи врв на бројот на хоспитализирани кој сè уште не го достигнал критичното ниво.

Се верува дека бројот на дневни инфекции може да надмине 10.000 новозаболени во наредните денови, објавија словенечките медиуми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот