Во што се маскираа децата на нашите познати личности: Хана на Тамара како принцезата Елса, а Илина на Сара Мејс во еднорог

Instagram
Instagram

Први април или популарно познат како Денот на шегата е еден од омилените денови меѓу најмладите бидејќи можат да се маскираат во нивните омилени јунаци и да се шегуваат со возрасните.

Дел од маскираните дечиња се прошетаа низ улици, а некои од нив забавата под маски ја организираа во нивните домови.

Ќерката на нашата позната пејачка Тамара Тодевска, малечката Хана за овој првоаприлски ден се маскирала во една од омилените дизниеви принцези, Елса од анимираниот филм „Frozen“.

Ќерката на Сара Мејс и Димитар Атанасовски, малечката Илина според фотографиите кои нејзината мајка и нашата позната пејачка ги објави на својот инстаграм- профил е маскирана во еднорог.

Малечката Илина изгледа неодоливо маскирана во едно од најубавите митолошки животни.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)


Еден од синовите на нашиот познат поранешен кошаркар и актуелен претседател на Кошаркарската Федерација на Македонија одбрал мошне оригинална маска инспирирана од некој страшен филм или видео игра.

Instagram
Instagram

Синот на нашата позната дизајнерка и шминкерка Фросина Ангеловска –  Фран, Горазд e маскиран во преслатко јагненце, а маската е дело на неговата мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Angelovska Frosina (@frozi_fran)

Дизајнерката на социјалните мрежи споделуваше и видеа како со посебно внимание ја подготвува маската за нејзиниот син.

Низ скопските улици огромно внимание привлекоа и малечките дечиња од една скопска градинка кои беа маскирани во 101 далматинец од истоимениот анимиран филм.

Малечките далматинци ги расположија случајните минувачи додека правеа кратка прошетка со нивните воспитувачки, а некои од нив и го имитираа звукот на малите кученца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот