ВО СЕЌАВАЊЕ НА ЛЕГЕНДАТА: Коби Брајант со македонското знаме

твитер

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, Коби Брајант вчера загина во хеликоптерска несреќа, која ги одзеде животите и на неговата ќерка и на уште седум лица.

Целиот свет се сеќава на успехот на Брајант кој кариерата ја помина во Лос Анџелес Лејкерс, каде освои 5 шампионски титули. Така, по социјалните мрежи се најде слика од Брајант, со уште една легенда од американската кошарка, Трејси Мекгрејди и македонските „стрит бол“ играчи од 1998 каде тие го држат македонското знаме.

Хеликоптерот во кој се наоѓале девет лица, вклучувајќи ги Коби Брајант и неговата ќерка, летал и покрај големата магла при падот во калифорниското место Калабасас, што и се смета од првичните информации како причина за неговата смрт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот