фото ЕПА

Во САД прва пресуда за немирите во Капитол на 6 јануари

 Прва пресуда беше донесена во САД во случајот со немирите во Вашингтон на 6 јануари, јавија американските медиуми.

Ана Морган Лојд, учесник во јануарските немири во Вашингтон, доби условна казна, парична казна и обврска за извршување на општокорисна работа. Лојд (49), жител на Индијана, е првата осудена во случајот со упадот на Капитол од приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Таа се изјасни за виновна за учество во нелегалните демонстрации. Осудена е на три години условна казна, 120 часа општокорисна работа и парична казна од 500 долари. Обвинителството изјави дека жената не покажувала насилство и не учествувала во подготовките за немирите, поради што е донесена одлука за условна казна.

Околу 500 лица се обвинети за немирите во Вашингтон. Судијата во случајот истакна дека другите обвинети не треба да се надеваат дека ќе избегнат затворски казни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот