Во Реал бесни на Зидан, Евертон го направи грабежот на столетието со Хамес

epa08501256 Real Madrid's head coach Zinedine Zidane (R) talks with James Rodriguez (L) during the Spanish LaLiga soccer match between Real Sociedad vs Real Madrid played at Real Arena stadium in San Sebastian, Basque Country, Spain, 21 June 2020. EPA-EFE/Juan Herrero

Медиумите во Мадрид немаат милост за тренерот на „кралскиот“ клуб, Зинедин Зидан и неговата одлука премногу лесно да се ослободи од играчите кои сега блескаат во други екипи.

Градското Мерсисајд дерби помеѓу Евертон и Ливерпул заврши без победник, а „сините“ по пет кола се лидери на табелата без пораз.

Навивачите на Евертон не паметат кога нивниот тим имал вака добар старт, а најголеми заслуги за одличните игри покрај тренерот Карло Анчелоти има Хамес Родригез. Колумбиецот денеска асистираше при постигнувањето на првиот гол и во петте кола во Премиер лигата има четири асистенции и три гола по што пофалбите доаѓаат од сите страни.

– Хамес во Евертон игра како во репрезентацијата на Колумбија, има апсолутна слобода во играта. тоа што го игра кај Анчелоти во Евертон е негова природна позиција и така играше во Порто – изјави Карлос Кеирош, колумбискиот селектор.

И додека во Евертон го слават Хамес Родригез, во Мадрид, двата спортски весници „Марка“ и „АС“ удрија по трнеерот на кралевите, Зинедин Зидан.
„АС“ пишува дека Хамес е „грабеж на столетието“ бидејќи Евертон го „ограби“ Реал, за ситни пари го зеде Колумбиецот.
Весникот се прашува дали Зидан не можеше да го трпи Хамес Родригез па го испрати на позајмица во Баерн Минхен или едноставно не можеше да му најде соодветно место во тимот бидејќи Колумбиецот додека Анчелоти беше тренер на Реал играше фантастично.

Но, тоа не е единствен грев на Зидан, „Марка“ смета дека тренерот на Реал погреши што го пушти Регулион во Тотенхем и дека шпанскиот репрезентативец би бил подобро решение од ветеранот Марсело кого го стигнуваат годините.
Весникот смета дека Зидан се откажа од подобриот играч во овие моменти, но и од иднината бидејќи Серхио Регулион има само 23 години додека Марсело е длабоко навлезен во четвртата деценија од животот.

„Некои фудбалери играат и изгледаат многу подобро на теренот кога не ги тренира Зидан. И Бејл играше многу подобро за репрезентацијата, како и Ковачиќ во Челси, отколку кога беа во Реал. Најлошо од се ќе биде доколку Бејл блесне во Тотенхем. Тоа ќе значи дека Зидан е ограбен, а Реал многу би загубил поради лошите проценки на тренерот“, пишува весникот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот