Во првото полугодие од годината РЖ УСЛУГИ бележи загуба

Согласно изготвените финансиски извештаи РЖ УСЛУГИ АД Скопје за периодот Јануари – јуни 2019 година искажа загуба во своето севкупно работење во износ од 1.119 илјади денари.

Остварените вкупни приходи изнесуваат 97.538 илјади денари, што во споредба со остварените приходи за истиот период во 2018 година – 75.854 илјади, бележат пораст од 28,6%.

Во структурата на вкупните остварени приходи најголемо учество од 100% се приходите остварени од продажба на стоки и услуги од 97.538 илјади денари и кај истите е забележано згoлемување од 28,9% во однос на остварените во 2018 година во износ од 75.626 илјади денари.

Во структурата на оперативните приходи со 75,3% учествуваат технолошките води и тие се зголемени во однос на периодот од 2018 година, а најголем пад бележи продажбата на ТНГ.

Остварените вкупни расходи изнесуваат 98.657 илјади денари и во споредба со расходите од истиот период во 2018 се зголемени за 24,5 %. Кај оперативните расходи (97.333 илјади) поврзани со реализација на основните дејности и продажба на стоки и услуги зголемени се трошоците  во овој период за 34,66 % во споредба со 2018 година (72.276 илјади).

Оперативната добивка изнесува 205 илјади денари. Намалувањето на оперативната добивка е резултат на зголемени расходи во периодот 01-06.2019 година.

Вкупните инвестиции во постројки, опрема, инвентар во овој период изнесуваат 4.827 илјади денари.

Во однос на кредитните задолжувања има значителни промени од последните ревидирани финансиски извештаи за 2017 година, обврските по кредити се намалени  за 50,3 %.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот