фото: Слободен печат/Методи Здравев

Во продажба билетите за натпреварот Вардар – Лозана во Лигата на конференции на УЕФА

По успешната прва квалификациска рунда во која фудбалерите на Вардар ја поминаа првата пречка во квалификациите во Лигата на конференции на УЕФА, следува двомечот со швајцарскиот претставник Лозана.

Првиот натпревар е закажан за 24 јули во Скопје, на арената „Тодор Проески“ од 20.30 часот.

Реваншот ќе се игра на „Стад де ла Туилиер“, на 31 јули од 20.30 часот.

Билетите за мечот во Скопје, може да се купат на следниот ЛИНК

Билетите за дуелот Вардар – Лозана во главниот град ќе бидат по цени од 100 до 300 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот