13 C
Скопје

Во Полска се укинуваат дел од рестриктивните мерки

Во првата фаза на 1 мај, жителите на земјата добија дозвола да ги користат спортските објекти на отворено, како и затворените спортски сали и базени, но само за организирани групи за деца и млади. Фризерски и козметички салони беа отворени една недела порано.

Полските власти почнуваат со втората фаза од укинување на ограничувањата воведени  во март за време на третиот бран на Ковид-19.

Во првата фаза на 1 мај, жителите на земјата добија дозвола да ги користат спортските објекти на отворено, како и затворените спортски сали и базени, но само за организирани групи за деца и млади. Фризерски и козметички салони беа отворени една недела порано.

Од денеска, првпат по шест недели, полските жители ќе можат да ги посетуваат продавниците и трговските центри. Задржано е барањето да има 15 квадратни метри по клиент во продажните места. Исто така можат да се посетат музеите и галериите.

И од 8 мај, ограничувањата за туристичкиот сектор постепено ќе бидат укинати. Од хотелите ќе се бара да пополнат 50 проценти од капацитетите, а базените, просторите за рекреација и бањите ќе останат затворени.

Од 15 мај, рестораните и кафулињата ќе продолжат со работа, но само на отворено. Од средината на мај, исто така, се планира отворање на кина и театри на отворено со капацитет до 50 проценти од местата. Исто така, ќе бидат дозволени семејни настани на отворено, како што се свадби со најмногу 25 гости.

Луѓето кои се целосно вакцинирани или имаат негативен тест на коронавирус, направен не подоцна од 48 часа пред патувањето, се ослободени од 10-дневниот карантин при влегувањето во земјата.

Поврзани вести

ВИДЕО | Се слушна ѕвоното во Детската клиника: Малата Ана ја доби борбата со болестите

Слободен печат

Утре се одбележува Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот

Слободен печат

Бегал од полиција, па со 140 км на час удрил во лежечки полицаец

Слободен печат

Двајца станари со деменција побегнале од старечкиот дом во Тенеси благодарение на воената обука, персоналот казнет

Слободен печат

Деспотовски: Заврши времето на евтина работна сила, немаме луѓе за извоз

Слободен печат

Успорената демографија нема да ја сопре Кина

Гидеон Рахман/Financial Times

Остави Коментар