Во петок еко-генералка на Ѓорче Петров

Во петок во периодот од 9 до 12 часот ќе се одржи голема еко-акција за чистење на општина Ѓорче Петров. Носители на ова второ по ред организирано чистење ќе бидат вработените во Општината, како и вработените во училиштата и градинките, а организатор е „Генералка викенд”. Од Општината ги повикуваат сите заинтересирани граѓани, членови на Советот, спортски друштва, месни заедници и останати организации да се приклучат на оваа масовна акција и сите заеднички да придонесат за поубаво и почисто Ѓорче.

 Минатата година спроведовме еко акција на неколку локации во нашата општина, којашто резултираше со навистина импресивни резултати, односно беше собран отпад во огромни количини кој што ја загрозуваше животната средина и го нарушуваше изгледот на населените места во општината.
Оваа година, организацијата на оваа акција е навистина на повисоко и попрофесионално ниво, а со самото тоа се дава поголема важност и значење – информира градоначалникот Александар Стојкоски.

Локациите каде што в петок ќе се спроведува чистењето се реонот околу училиштето „Мирче Ацев“ и улицата покрај градинката, потоа кај основните училишта „Димитар Поп Георгиев Беровски“ и „Страшо Пинџур“ и кај градинката „Пампурче“, во населната Хром во паркот Полјана, во Јурија на насипот кај очната болница и во реонот кај општинската зграда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот