Во овие термини ќе може да се шетаат миленичињата за време на викендот

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Сопствениците на кучиња кои ги чуваат како домашни миленичиња во станови, ќе може да ги изнесуваат надвор во одредени термини во денот за време на забраната и посебниот режим на движење што ќе се применува од среда, 8 април.

Според одлуката на Владата од денешната, 36-та седница,  на целата територија на државата, своите миленичиња од понеделник до петок сопствениците ќе може да ги изнесуваат од домовите 30 минути навечер, од 20 до 20.30 часот.

Во сабота и недела дозволено им е да ги изнесат трипати во денот – наутро од 8 до 8.30 часот, попладне од 15 до 15.30 и навечер од 20 до 20.30 часот.

Притоа треба да бидат оддалечени најмногу 100 метри од објектот во кој живеат и  да го задржат минимум потребното растојание од останатите лица и да не се групираат.

Прочитајте и...  Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

Согласно новите мерки за ограничување на движењето, од задутре, 8 април 2020,  полицискиот час во целата држава ќе почнува од 16 до 5 часот во работни денови, а во сабота и недела ќе биде целодневен, односно ќе почне во петок во 16 часот и ќе заврши во понеделник во 5 наутро.

Повозрасните од 67 години од задутре ќе може да се движат надвор само од 10 до 12 во работни денови, а на младите до 18 години дозволено ќе им биде надвор од дома да бидат само од 13 до 15 часот.

Прочитај повеќе

И утре променливо облачно со локален дожд

Слободен печат

САД: Пет финансиски гиганти купија злато за две милијарди долари

Марина Дамческа

Најмалку три жртви во Индијанополис во протестите поради смртта на Џорџ Флојд (ВИДЕО)

МИА Агенција

Не сакале да се тестираат од страв да не завршат на респиратор!

Марина Дамческа

Во Србија од утре ново попуштање на рестриктивните мерки

Слободен печат

Фил Хоган ќе се кандидира за нов шеф на СТО

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Федералната Влада засега нема да преземе контрола врз Националната гарда

Слободен печат

Израелскиот министер за одбрана „искрено“ жали за убиството на Палестинец со посебни потреби

Слободен печат

Во Кичево четворица кои имале контакт со заразеното лице со коронавирус се негативни

Слободен печат

Историски настан: Астронаутите на Спејсикс и НАСА пристигнаа на вселенската станица (ВИДЕО)

Слободен печат

Во Белград нападнат лидерот на Слободните граѓани, актерот Сергеј Трифуновиќ

Слободен печат

Директорот на БЈБ Тасевски побара полицијата да биде ослободена од партиската политика

Слободен печат