Фото: Општина Центар

Во основните училишта во Центар ќе се ангажираат лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби

Општина Центар објави Јавен повик за ангажирање лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби за учебната 2025/2026 година, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.

Право на пријавување имаат лица со најмалку завршено средно образование, но предност ќе имаат кандидатите со соодветно високо образование, претходно искуство во работа со деца со попреченост или лиценца за личен асистент, како и долгорочно невработени лица, млади до 29 години, лица над 50 години, самохрани родители и родители на деца со попреченост.

„Ангажманот на личниот асистент подразбира директна поддршка на ученикот во текот на наставниот ден. Поддршката вклучува помош при следење на наставата, движење низ училиштето, комуникација со соучениците и наставниците и други активности во согласност со индивидуалните потреби на ученикот“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Избраните кандидати ќе бидат ангажирани како лични помагачи во основните училишта на територија на општината. Тие ќе работат со скратено работно време од 20 часа неделно во период од четири месеци, почнувајќи од март 2026 година до крајот на актуелната учебна година.

За овој ангажман Општината предвидува паричен надоместок во висина од 15.000 денари месечно.

Јавниот повик ќе трае до понеделник, односно пет работни дена од денот на неговото објавување и е достапен на општинската веб-страницата и на огласните табли во основните училишта на територија на општината, а пријавувањето се врши во Архивата, сместена во барака 6, секој работен ден од 9:00 до 15:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот