Во општина Ѓорче Петров крстот ќе се фрла во Лепенец и во Вардар

Општина Ѓорче Петров и годинава е покровител во одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.  Осветување на водите ќе се одржи в петок, на 19 јануари, традиционално на две места во општина Ѓорче Петров, односно чесниот крст ќе се положува во водите на реките Лепенец и Вардар.

На Лепенец положување на крстот ќе се одржи во 11 часот кај последна 22-автобуска станица. Пријавувањето на заинтересираните кои сакаат да учествуваат во чинот е на телефонскиот број 02 20 55595. Втората локација каде верниците ќе се обидат да го фатат крстот е мостот во Хром, со почеток во 12 часот, а граѓаните кои сакаат да учествуваат треба да се пријават во канцелариите на Св. Петар и Павле.

Општина Ѓорче Петров ги повикува граѓаните заедно и масовно да го одбележат овој важен ден во христијанството, денот кога Свети Јован Крстител го крстил Господ Исус Христос во реката Јордан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот