Во Њу Орлеанс полициски час по ураганот Ида

Ураганот Ида ја погоди Луизијана/ Фото EPA-EFE/DAN ANDERSON

Во Њу Орлеанс синоќа беше воведен полициски час, два дена откако ураганот Ида го погоди брегот на американската држава Луизијана, и точно 16 години откако ураганот Катрина уби повеќе од 1.800 луѓе.

Во Луизијана загинаа најмалку четири лица, а спасувачите почнаа потрага по луѓе кои останаа изолирани по ураганот. Како што се повлекува водата, се гледа штета долж брегот на Мексиканскиот Залив во САД.

Градоначалничката на Њу Орлеанс, ЛаТОја Кантрел, изјави дека воведува полициски час во градот, во кој одредени делови сè уште немаат електрична енергија. Ида, која сега е тропска бура, се движи кон долините на Тенеси и Охајо.

Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океанот и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот