Во напад на исламисти убиени 12 војници од армијата на Брегот на Слоновата Коска

Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо минатиот месец започнаа заедничка воена операција за борба против растечката закана од џихадистите поврзани со Ал Каеда и Исламска држава. 

Дванаесет припадници на армијата на Брегот на Слоновата Коска загинаа, а седум се повредени во напад што се случи утрово во близина на границата на земјата со Буркина Фасо, соопштија властите.

Според офицер на армијата од Брегот на Слоновата Коска, двајца припадници на воената жандармерија се водат како исчезнати, додека еден од напаѓачите е убиен. Се верува дека напаѓачите дошле од територијата на Буркина Фасо.

Сè уште не е познато кои се извршителите на нападот, најсмртоносен на Брегот на Слоновата Коска од оној што го извршија членови на Ал-Каеда во март 2016 година, кога загинаа 19 лица во едно одморалиште.

Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо минатиот месец започнаа заедничка воена операција за борба против растечката закана од џихадистите поврзани со Ал Каеда и Исламска држава. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот