Во мај и јуни поголема реализација на капиталните инвестиции

Предвремено се завршуваат работите на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола.

Реализацвијата на капиталните инвестиции во патната инфраструктура во земјава се одвива одлично. Посилна реализација се очекува во месеците мај и јуни, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Тој најави дека рехабилитацијата на регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола, што се врши прв пат по пет децении, би можела да заврши и побрзо од предвидениот рок.

Како што истакна паралелно се работи на другата инфраструктура во регионот, особено на рехабилитацијата на околу 10 километри од Фариш-Дреново на патниот правец Градско-Прилеп.

– На регионалниот пат Прилеп-Тополчани-Битола наскоро се очекува да бидат поставени оградите и до крајот на овој месец да биде завршен.. Очекуваме комплетно да биде завршена делницата Фариш-Дреново на патниот правец Градско-Прилеп. Поставен е првиот слој на асфалтот, останува да се постави вториот слој. Станува збор за 10-ина километри и очекуваме за 10 до 12 дена целосно да биде завршена рехабилитацијата на оваа делница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот