Национална арена „Тодор Проески“, Скопје/фото: ffm.mk

Во Копенхаген ќе има и натпревар помеѓу навивачите на Данска и Македонија

Македонската фудбалска репрезентација в четврток во Копенхаген ќе го одигра бараж натпреварот против Данска за пласман на Светското првенство, но покрај случувањата на теренот, возбудувања ќе има и меѓу навивачите.

Имено, за истиот ден е закажан пријателски фудбалски дуел меѓу навивачите на Македонија и Данска, кој ќе претставува своевидно загревање пред главниот натпревар.

Овој меч ќе се одигра од 13:30 часот на спортскиот комплекс Кловермаркен во Копенхаген, каде што се очекува добра атмосфера.

Кога во прашање е главниот натпревар, стадионот „Паркен“, каде што ќе се игра официјалниот натпревар, има капацитет од околу 38.000 гледачи и веќе е целосно распродаден. За македонските навивачи обезбедени беа околу 1.000 билети, па и нашите фудбалери ќе имаат поддршка од трибините.

Панчев пред баражот со Данска: Важно е да веруваме во себе, нема да биде лесно

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот