Во Канада се палат католички цркви по откривањето на 1.000 стари гробови на домородни деца

Фото: EPA-EFE/Christian Monterrosa

Уште две католички цркви се запалени вчера во индијански резервати во западна Канада. Пожарите во Британска Колумбија почнале со еден час растојание, двете згради се целосно уништени и полицијата ги третира овие случаи како сомнителни.

Во понеделникот беа запалени првите две католички цркви во оваа канадска провинција, кога во земјата се одбележуваше Националниот ден на домородните народи.

Истрагата за сите овие пожари е во тек и засега нема уапсени, ниту покренати обвиненија“, изјави наредникот на Канадската кралска полиција, Џејсон Бејда.

Ова следува откако беа откриени стотици необележани гробови на местата на некогашни училишта во Канада. Овие училишта финансирани од владата биле водени од верски групи во 19. и 20. век и имале за цел да ја асимилираат домородната младина. Домородните групи повикаа да се спроведе национална потрага по нови гробови.

Прво во мај беа откриени останките на 215 деца на местото на училиште што работело од 1890 до 1978 година, а минатата недела беше објавено дека се пронајдени уште 751 необележан гроб во поранешно училиште во Саскачеван.

Меѓу 1863 и 1998 година, повеќе од 150.000 домородни деца биле земени од нивните семејства и сместувани во вакви училишта низ Канада. Комисија основана во 2008 година утврдила дека голем број од овие деца никогаш не се вратиле во своите заедници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот