Во Грција ќе се формира Комисија за подготовка на стратегија за еднаквост на ЛГБТИ лицата
Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира Комисија што ќе изготви националната стратегија за еднаквост на ЛГБТИ лицата за периодот 2021 – 2023 година, јави дописничката на МИА од Атина.
Препорачано
Како што соопштуваат од кабинетот на Мицотакис, целта е Комисијата да изготви целосен план што ќе ги дефинира стратегијата и активностите на министерствата и надлежните органи за планирање, разработка и спроведување на политиките за рамноправност на ЛГБТИ лицата.
Грчкиот премиер оствари средба со поранешниот претседател на Европскиот суд на човекови права и професор по меѓународно право на Линос Александрос Сисилианос кој е назначен за претседател на Комитетот и рече дека во 21 век, во Грција „треба сите треба да се чувствуваат слободни да бидат она што навистина се без страв и без дискриминација”
-Сите работиме за модерна и праведна Грција, а една таквата земја не може да ги исклучува или дели своите граѓани. Затоа ЛГБТИ лицата мора да најдат еднакво место во економскиот, политичкиот и социјалниот живот на нашата земја. Тоа е нивно индивидуално право, но исто така е и обврска на државата, рече Мицотакис.
Членови на Комисијата се универзитетски професори, претставници на ЛГБТИ здруженија, како и претставници на Владата, а целта е извештајот од нивната работа со прелиминарниот план пред летото да бидат доставени до грчкиот премиер.


