Во градот на духови сепак има живи луѓе кои одбиле да ги напуштат домовите

За повеќето луѓе Чернобил е синоним за најтешката нуклеарна катастрофа во историјата. За други пак, тоа е само хит мини серија за трагедијата.

Меѓутоа, за оние најтврдоглавите тоа е само нивни дом. Нуклеарната катастрофа во Чернобил се случила во 1986-та година на север од Украина, но најупорните жители и денес живеат таму. На фотографиите кои го обиколија светот своевремено, можеше да се видат пожари, луѓе и радиоактивни делови и напуштени стамбени блокови.

Мал број граѓани одлучиле да одат против препораките од владата за напуштање на домовите во таа зона и  останале таму. Тие во ниту еден момент не сакале да ги напуштат своите огништа. Имало и такви кои набрзо по евакуацијата од полицијата се вратиле назад.

Околу 150 до 300 луѓе едноставно ги заклучиле своите врати. Популацијата во зоната на исклучување почнала да расте, популацијата почнала да се сели во тивки, евтини соседства во околината на таа локација.

Од нуклеарниот Реактор 4 во кој дошло до разорна експлозја избивало зрачење десет дена, создавајќи облаци кои носат радиоактвни честички ширум светот во Европа.

Канадската фотографка Робин Фон Сванк одлучила да го документира животот во внатрешната зона. Таа открила околу десетина луѓе кои таму живеат секојдневно, иако е илегално да се живее во црвена зона.Таа вели дека луѓето со кои разговарала биле многу љубезни, а некои од нив почнале и да плачат кога се присетувале на инцидентот затоа што им било многу тешко кога се сеќавале на тоа.

Инаку, од неодамна заинтересираните туристи можат да ја погледнат мрачната внатрешност на контролната соба Реактор 4 во која изби кобната нуклеарна катастрофа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот