Контролната соба на ЧЕРНОБИЛ отворена за туристите: Радијацијата во неа е дури 40.000 пати поголема од дозволената! (ВИДЕО)

Profimedia

Контролната соба во Чернобил ќе биде отворена за туристите повеќе од 30 години по катастрофата и покрај тоа што сè уште има ниво на радијација 40.000 пати повисоко од допуштеното.

Посета на местото на кое почна најголемата нуклеарна катастрофа со маски и заштитини одела

Посетителите што ќе носат заштитини одела и маски ќе можат да ја разгледаат контролната соба на блокот 4 во нуклеарната електрана во која започнала катастрофата. Ретките и апокалиптичните слики ја откриваат собата што пропаѓа, во која во 1986 година персоналот на електраната направил низа кобни грешки, а потоа ја изгубил битката обидувајќи се да ја спречи катастрофата.

Чернобил како туристичка атракција

По објавувањето на серијата „Чернобил“, нуклеарната централа стана едно од најпопуларните одредишта меѓу туристите низ светот. Украинската државна агенција за управување со зоните планира дури 21 нова туристичка рута за растечкиот интерес да биде задоволен. Една од нив ќе ги смести туристите во контролната соба во која почнала катастрофата, пишува „Дејли мејл“.

Туристите ќе добијат маски за лице, одела против зрачење и големи индустриски чизми пред да им биде дозволено да ги посетат собите.

Поради смртоносното зрачење ќе можат да ја разгледуваат собата само 5 минути.

Според зборовите на очевидците, местото е исклучително морничаво и дури тие пет минути ќе бидат доволни за посетителите да се сеќаваат на него цел живот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот