Во Финска од Скопје слетале вкупно 43 позитивни патници на Ковид 19

Аризона, САД / Јуни 2020 / Фото: U.S. National Guard / Zuma Press / Profimedia

Сите 115 патници кои во саботата слетале од Скопје во Турку, Финска, се префрлени во карантин во овој град. Градот Турку во саботата информираше дека 95 проценти од патниците по слетувањето биле тестирани за присуство на коронавирусот и вчера вечерта 12 од нив добиле позитивен резултат.

Градот Турку во југозападна Финска почна да ги тестира сите патници што доаѓаат од летови од Скопје на 8 август. Оттогаш, тестирани се патници од 3 лета од главниот град на Македонија и вкупно инфицирани со Ковид 19 биле 43 патници.

Наредбата за изолација е одлука на инфектолог од градот Турку. Оние патници на кои ќе им биде наложена мерка карантин, имаат дозвола да го користат јавниот превоз за неопходни патувања, но со задолжителна прекривка на устата и носот. Вакви неопходни патувања се на пример, посета на доктор или патување од самиот аеродром до дома по летот. На позитивните пациенти им се забранува да одат на работа, во училиште, градинка, во продавници или други јавни места за време на изолацијата.

Финските здравствени власти решија да воведат задолжителен карантин и тестирање за сите патници што доаѓаат од високоризични земји, откако во Турку слета авион со 24 патници од Скопје кои беа позитивни на коронавирусот. Во тој прв од трите летови во кои патниците беа тестирани имал 157 лица. Сите овие лица се согласиле да се тестираат доброволно.

Авион од Скопје слетал во Финска со 24 патници позитивни на Ковид-19

Министерството за здравство излезе со информација дека на конкретниот лет, најголемиот број патници биле со косовски пасош, а само двајца со македонски пасош.

Најверојатната причина поради која што 24 позитивни на коронавирус патници се качиле на летот од Скопје за Финска, е тоа што дел од нив само транзитирале низ Македонија.Неофицијално, тие биле асимптоматски и не знаеле дека се носители на коронавирусот.

Ако некој влезе на македонска територија преку копнен граничен премин, а со цел да излезе преку граничен премин за воздушен сообраќај од меѓународниот аеродром Скопје или аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, тогаш потребно е патникот само да покаже електронски авио билет и да потпише дека ќе ја напушти Македонија за три часа. Поконкретно, за да се транзитира низ Македонија, воопшто не е потребен ПЦР тест ако патникот приложи доказ дека ја ќе напушти територијата на земјава за три часа.

Комисијата за заразни болести го одби предлогот на министерот за здравство Венко Филипче да се воведе задолжителен ПЦР тест за оние што транзитираат низ Македонија. Причината за ова, беше тоа што комисијата смета дека ковид статусот на патникот може да се промени од негативен во позитивен за времетраење на патувањето, па евентуален негативен резултат не е никаква гаранција дека патникот не е носител или дека нема да стане носител на вирусот за време на патувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот