Авион од Скопје слетал во Финска со 24 патници позитивни на Ковид-19

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Финска ќе воведе задолжителни тестови за корона вирус и карантини за патници од одредени земји со висок ризик, рече во понеделникот надлежниот министер, откако 24 од 157 патници кои пристигнаа од Скопје во Северна Македонија, беа тестирани позитивни на Ковид-19.

Доброволното тестирање беше организирано на аеродромот Турку во Финска во саботата за сите патници кои пристигнаа на лет од Скопје, откако властите проследиле летови од Северна Македонија и Букурешт во Романија, како два главни извори на неодамнешни нови инфекции со корона вирус во Финска, изјави министерот за семејни работи и социјални услуги, Криста Киуру, пред новинарите.

„Епидемијата е на Балканот“, рече Киуру, осврнувајќи се на неодамнешното скромно покачување на инфекциите во Финска.

Задолжителниот двонеделен карантин и можен случаен тест за корона вирус по пристигнувањето во Финска ќе се применуваат за секој што ќе пристигне од земја со повеќе од 8 до 10 нови случаи на Ковид-19 на 100.000 жители во последните 14 дена, соопштија властите.

Во моментов, правилото важи за повеќето земји, со исклучок на 25 земји, како што се Италија, Јапонија, Грција и Норвешка каде инфекциите остануваат ниски.

Минатата недела, инфекции во Финска беа 2,3 на 100.000 жители во текот на седум дена, со вкупно 7.601 случаи и 333 смртни случаи потврдени до понеделникот.

Киуру рече дека од авиокомпаниите ќе се бара да ги известат своите патници доколку можат да бидат подложени на задолжителен тест за корона вирус по нивното пристигнување во Финска.

Неисполнувањето на двонеделниот карантин ќе биде санкционирано со до три месеци затвор или парична казна, додаде таа.

Кијуру рече дека новите правила ќе се применуваат што е можно поскоро, но потребни се некои службени одобренија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот