Фото: Слободен печат

Претпладне топло, попладне можно невреме

Претпладне сончево и доста топло, а попладне изолирана појава на дожд, грмежи и засилен ветер, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

УХМР вели дека локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пороен дожд, засилен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната од 30 до 38 степени.

Во делови од Скопската котлина се најавува краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 35 степени.

За време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот