Во Финска ќе се работи четири дена по шест часа: „Луѓето заслужуваат повеќе време за себе“

Фото: Профимедиа

Марин, која во моментов е најмладата шефица на влада во светот, соопшти оти планот ѝ е да ја испроба иницијативата.

Новата премиерка на Финска, Сана Марин (34), се заложи за воведување на флексибилен работен распоред, кој ќе се состои од четири работни дена и шест работни часа дневно, пренесува „Дејли меил“.

Марин, која во моментов е најмладата шефица на влада во светот, соопшти оти планот ѝ е да ја испроба иницијативата.

– Сметам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своите семејства, со најблиските, со своите хобија и со други аспекти на животот, како што е културата. Ова може да биде нашиот следен чекор во работниот живот – пренесе британскиот медиум.

Сега, нормалната работна недела во оваа скандинавска земја трае осум часа дневно, пет дена во неделата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот