Фото: Кирил Поп Христов / akademik.mk / Фејсбук

Во Еквадор почина омилениот актер Кирил Поп Христов-Кили

Вчера во Еквадор на 58-годишна возраст починал глумецот Кирил Поп Христов-Кили, потврдија од неговото семејство.

Кили беше мултиталентиран уметник и еден од најдобрите македонски современи актери. Тој зад себе остави низ впечатливи улоги кои ќе се паметат – во „Тетовирање“, „Бал-кан-кан“, „Збогум на 20-от век“ „Панкот не е мртов“, а оствари и блескави театарски улоги во „Ричард Трети“, „Злосторство и казна“, „Ослободување на Скопје“… Забележливи се и неговите улоги во телевизиската продукција: „Трст виа Скопје“, „Бумбари“, „Досие Скопје“…

Поп Христов е роден на 30 јули 1967 во Скопје. Дипломира во 1989 година на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за актерска игра на Факултетот за драмски уметности, во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Од 1993 до 2014 работеше во Македонскиот народен театар. Тогаш, како што самиот изјавуваше, поради притисоци од тогашната власт, со семејството се пресели во далечниот Еквадор, каде остана сè до смртта.

ФОТО | Кирил Поп Христов е горд дедо: Ова се внуците на актерот од двете ќерки, постариот Аниш Круз и помалиот Каи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот