Во Црна Гора владејачкиот Демократски фронт најавува отповикување на Ѓукановиќ

Мило Ѓукановиќ / Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Владејачкиот Демократски фронт (ДФ) денеска објави дека ќе побара изјаснување од Уставниот суд и ќе иницира отповикување на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ поради изјавите за тоа кој би можел да биде амбасадор на Црна Гора.

Владејачкиот Демократски фронт (ДФ) денеска објави дека ќе побара изјаснување од Уставниот суд и ќе иницира отповикување на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ поради изјавите за тоа кој би можел да биде амбасадор на Црна Гора.

Претходно на годишната конференција во Цетиње, Ѓукановиќ рече дека оние кои биле против обновување на црногорската независност и против реализацијата на државата во претходните 15 години немаат морално право да бараат согласност на Црна Гора да бидат нејзини претставници.

ДФ објави дека Ѓукановиќ ги прекршил Уставот и основните човекови права на одредени луѓе со таа изјава.

„Се мисли на амбасадорите и луѓето кои не гласаа за независност на Црна Гора на 21 мај. Граѓаните на оваа земја кои учествуваа во една декларација, плебисцит заради тоа како се изјасниле, не можат да вршат јавна функција во земјата каде што Мило Ѓукановиќ е претседател и шеф на режимот 30 години”, рече пратеникот на ДФ, Славен Радуновиќ.

Ѓукановиќ денеска изјави дека започнал процесот на консултации за избор на нови амбасадори во странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот