Во четврток ќе нема струја во делови од Момин Поток, Жданец и Ченто, прекините ќе траат со часови

Поради планирани технички зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (23 април 2026) без електрична енергија ќе останат делови од Скопје.

Во општина Карпош, прекин на струја ќе има во периодот од 04:30 до 15:30 часот кај корисниците „Стил Железо“, „Електроводомонт“, „Европа 92“, како и кај дел од потрошувачите на улиците 1506 и 1550 во Момин Поток и улицата „Дани Калош“.

Дополнително, во периодот од 09:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците на улиците „Нерешка“, „Теодосиј Синаитски“ и „Жданец“.

Во населбата Ченто, прекин на електричната енергија е најавен од 08:30 до 14:00 часот, при што ќе бидат зафатени дел од корисниците на улицата „Роман Каскалиев“.

Надлежните апелираат граѓаните навремено да ги прилагодат своите обврски согласно најавените прекини.

Возач на автобус тајно влегувал и правел скици од воени објекти во тетовската касарна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот