Во чест на Бил Расел: НБА лигата го повлече дресот со број 6

Бил Расел/фото: EPA/MIKE NELSON CORBIS

НБА лигата одлучи кошаркарите во иднина да не можат да настапуваат со дресот со број 6.  Лигата се одлучи на ваков потег во чест на еден од најдобрите кошаркари во историјата, Бил Расел кој неодамна почина на 88-годишна возраст.

Со ова дресот со број 6 на Расел, стана првиот што е повлечен од употреба во сите 30 НБА екипи.

– Бил Расел оствари неповторливи успеси и на терените и надвор од нив. Беше активист за човекови права и заслужува да му се оддаде почит на посебен начин. Трајното повлекување на дресот со број 6 гарантира дека неговата кариера секогаш ќе биде посебно ценета – изјави комесарот на НБА лигата, Адам Силвер.

Бил Расел целата своја кариера ја помина во екипата на Бостон селтикс за која играше од 1956 до 1969 година и за тоа време освои девет шампионски титули. Како тренер, исто така на Бостон, Расел освои уште две титули.

Видео на денот