Во Бигорски манастир молитва за татковината

Доксологија - молитва за татковината во Бигорски/Фото: Бигорски манастир

Во рамки на Илинденските чествувања во познатиот Бигорски манастир, беше извршен и чинот на доксологија – молитва за татковината.

-Според востановената традиција беше извршен чинот на Доксологија (Славословие), во кој се принесуваат молитви за вечен спомен и блажено упокоение на сите кои се бореле и паднале во светите борби за верата и Татковината, особено во Илинденското востание, информираа од Бигорскиот манастир.

Ова е востановена традиција токму од игуменот на манастирот епископот Антаниски г. Партениј.

Претходно, традиционално како и секоја година, во славното мијачко село Лазарополе владиката Партениј, отслужи Божествената Евхаристија, а пак, лазоровците со особена љубов и гостопримство го пречекаа.

-Тоа село изнедрило големи црковни великани, општествени дејци, просветители и уметници. Бројноста на присутните во храмот изненадува и потсетува на старите времиња на Преродбата кога животот во селото цутел и плодоносел. Грижливиот дух на нашиот Старец за зачувување на христијанските вредности, особено на семејните, коишто славните предци особено ги негувале, гореше со ревност и затоа неговата празнична беседа на Светата Литургија беше исполнета со силен божествен копнеж за нивно заживување, посочуваат од Бигорски.

Богослужението беше збогатено и разубавено од прекрасните гласови на црковниот византиски хор „Митрополит Козма Пречистански“ од Кичево, кој со несебична пожртвуваност и ентузијазам се трудат во тоа богоугодно рамноангелско дело.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот