Во Белград денес ќе биде сослушан Коста Кецмановиќ
Во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син Коста, кој на 3 мај 2023 година во основното училиште „Владислав Рибникар“ уби деветмина соученици и училишен чувар, а рани шестмина врсници и една наставничка која се обиде да го спречи, пренесува „Н1“.
Препорачано
Момчето, кое не може да биде судено за злосторството што го изврши бидејќи во тој момент немаше наполнето 14 години, веќе сведочеше за време на претходните судски постапки на неговите родители. Како и тогаш, Коста ќе биде донесен од клиниката каде што се наоѓа од 3 мај 2023 година, а судењето е повторно преместено во Специјалниот суд од безбедносни причини.
„Да не испаничив, ќе беше уште покрваво“ – ова се зборовите од исказот на Кецмановиќ даден по масакрот, а кои ги цитираа вештаците на судското рочиште.
Според наводите, експертите оцениле дека момчето внимателно и без присуство на емоции го планирало злосторството, а тоа го покажало пред и по нападот во училиштето. Но, вештаците рекоа и дека дошло до краткотрајна промена на психичката состојба – т.н. „стеснување на свеста“. Ова траело околу 80 секунди и делувало како прекин на криминалната намера. Овој наод, тврдеа медиумите, е клучен за реконструкцијата на настаните и за разбирањето на мотивацијата за ужасниот чин.
На Кецмановиќ му се стеснила свеста, инаку ќе продолжел да пука, изјави вештак на судењето
Судењето е затворено за јавноста по предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените, а постапката се повторува бидејќи Апелацискиот суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која родителите од семејството Кецмановиќ беа осудени на затворски казни и го врати судењето на почеток.
Таткото Владимир и мајката Миљана од почетокот на судењето ја негираат вината.
Владимир Кецмановиќ со поништената пресуда беше осуден на затворска казна од 14 и пол години, за кривичното дело Занемарување и злоупотреба на малолетник, како и за Тешки дела против јавната безбедност, додека неговата сопруга Миљана Кецмановиќ беше осудена на затворска казна од три години, исто така за Занемарување и злоупотреба на малолетник.
Осудени родителите на момчето-убиец од „Рибникар“, таткото доби 14, а мајката 3 години затвор


