Во Белгија 69 отсто од новозаразените се со омикрон мутацијата

Белгија ковид-19
Медицинско лице и заразен пациент со ковид-19 во Белгија / Фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

 Институтот за јавно здравје на Белгија соопшти дека сојот омикрон владее со новите инфекции.

Од сите новозаразени случаи 69 отсто се должат на омикрон сојот, кој станува мнозински како што предвидуваа научниците пред еден месец.

Сојот омикрон е позаразен од делта, но според првичните студии тој предизвикува помалку тешка форма на болеста. Сепак во Белгија интензивната нега е веќе под огромен притисок и научниците стравуваат дека со брзото ширење на омикрон болниците многу брзо би можеле повторно да бидат во ситуација да не можат да се справат со притисокот.

Последната недела од 2021 се детектирани 11.132 нови случаи што претставува зголемување од 79 отсто во споредба со претходната недела. Од овие 69 отсто се омикрон.

Зголемен е и бројот на нови хоспитализации за четири отсто, како и стапката на репродукција на вирусот. Кога оваа стапка надминува еден тоа значи дека вирусот забрзано се шири. Во Белгија тој е 1,14 во овој момент.

Истовремено властите сепак одлучија да го намалат траењето на карантинот и интензитетот на тестирање и покрај тоа што сојот омикрон е позаразен. т

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот