Фото: Општина Аеродром

Аеродром ќе ангажира работници за одржување јавна чистота, општината ќе им исплаќа дневници

Јавното претпријатие за комунални дејности при Општина Аеродром информира дека е во тек Јавен оглас за ангажирање луѓе за одржување на јавната чистота во општината, одржување на парковите и зелените површини, како и пешачките патеки.

Со огласот се повикуваат сите евидентирани невработени лица, социјално загрозени лица и пензионери што сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на територијата на Општина Аеродром.

Откако ќе бидат ангажирани, луѓето ќе бидат одговорни за одржување на јавната чистота (чистење јавни површини, празнење на канти за отпад, собирање лисја и гранки и слично); одржување на зелените површини и на парковите (косење трева и
хортикултурни активности) и одржување улици, пешачки патеки и тротоари.

Во однос на исплатата за сработеното, од Опшината за „Слободен печат“ појаснија дека секој работник ќе склучува поединечен договор и ќе биде исплаќан преку дневници согласно бројот на денови во месецот кои тие ќе ги работат.

„Се склучува договор со секој поединечно и се исплаќаат дневници за извршената работа“, соопштија од Општина Аеродром.

Од локалната самоуправа посочуваат дека заинтересираните кандидати треба да пополнат и поднесат пријава во aрхивата на Јавното претпријатие во просториите на Општина Аеродром, а образецот може да се подигне во просториите на Општината или да се преземе електронски од официјалната веб-страница на овој линк.

Исто така, заинтересираните граѓани можат да добијат подетални информации на бројот 072 270 886.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот