Во 34 – тата сезона ќе биде откриено: Како „Симпсонови“ можат да ја „предвидат“ иднината со толкава прецизност?

Симпсонови
Симпсонови / Фото: Принтскрин/Јутјуб

Серијата која ја креираше Мет Гроунинг е повеќе од 3 децении на екраните, а за првпат се емитуваше на 17-ти декември 1989 година, што ја прави најдолговечната американска ТВ серија во ударен термин.

Во долгоочекувата 34-та сезона на „Симпсонови“ конечно ќе се открие како култната анимирана серија успева да предвиди многу настани на свтеко ниво.
Од предвидувањето на кризата со животните трошоци во Велика Британија до Доналд Трамп како претседател на САД, па дури и пандемијата на коронавирусот, писателите сосема јасно знаат нешто што ние не знаеме.

Фото: Profimedia

Сценаристот и продуцент на серијата, Мет Селман, неодамна изјавил за „Deadline“ дека претстојната епизода од 34-тата сезона ќе открие сè.

„Имаме уште една луда концептуална епизода која објаснува како Симпсонови ја знаат иднината. Тоа е концептуална епизода со многу луди нешта во себе, но објаснува како може да се предвиди иднината“, вели Селман.

Зборувајќи за тоа како по толку време, продукцискиот тим успева да ја одржи серијата „свежа“, Мет вели:

„Тоа е нашиот најголем креативен предизвик, да се погрижиме секоја епизода да биде уникатна и посебна. За среќа, светот продолжува да испорачува нешта кои треба да се рефлектираат на огледалото во Спрингфилд. Така што тоа е благодарност до светот, но и светот треба да биде подобар. Немам проблем со повторување на емоционалната динамика“.

„Не можете едноставно да го пречкртате емоционалното семејно раскажување бидејќи претходно сте ги кажале тие емотивни семејни приказни. Но, морате да имате нешто ново за раскажување за надворешниот свет или да истражите нов аспект на односот кој е поспецифичен и поинтересен“, додал Селман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот