Внатрепартиски избори на демократите во САД: Бутиџиџ го победи Сандерс, Бајден потфрли

Бутиџиџ доби 26,2 отсто од гласовите, а Сандерс 26,1 отсто.

Поранешниот градоначалник на Саут Бенд во Индијана, Пит Бутиџиџ доби најмногу гласови за номинација за претседателски кандидат на Демократската партија во сојузната држава Ајова, соопшти Демократската партија.

На првото гласање за демократски кандидат кој во ноември на претседателските избори во САД ќе му се спротивстави на американскиот претседател Доналд Трамп, Бутиџиџ тесно го победи сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Бутиџиџ доби 26,2 отсто од гласовите, а Сандерс 26,1 отсто.

Сенаторката Елизабет Ворен освои 18 отсто од гласовите, додека поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден има 15,8 отсто од гласовите на делегатите.

На петто место е сенаторката Ејми Клобучар која доби 12,3 отсто од гласовите.

Гласањето беше одржано на 1.600 локации во Ајова.

Бројот на делегати од Ајова кои ќе гласаат на финалната конвенција на Демократската партија за претседателски кандидат е 41.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот