Никола Мицевски / Фото: принтскрин

Власта поднесе контрарезолуција за мигрантите

Партиите од власта поднесоа своја Резолуција како одговор на резолуцијата за мигрантите објавена минатата недела од СДСМ. Во контрарезолуцијата поднесена од пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и Вреди, пишува дека таа е за „осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“, и е составена од девет точки. Со неа, како што рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, „еднаш-засекогаш се става крај на манипулативната тема со мигрантите“.

Со Резолуцијата, вели дека се осудува секое манипулативно однесување и се утврдува дека се става крај на сите шпекулации и лажни манипулации со наводно прифаќање мигранти и изградба на кампови за мигранти во државата и со која јасно и недвосмислено се исцртува рамка на мигрантската политика.

„По ширењето на лажни вести, невистини и манипулации од страна на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ како државотворна партија подготви резолуција со која еднаш засекогаш ставаме точка на измислената тема за мигранти од СДСМ. Со оваа Резолуција потврдуваме дека Владата и Собранието никогаш нема да дозволат да се преговара за мигранти. Граѓаните да бидат спокојни, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за безбедноста на народот, изјави Мицевски.

Тој нагласи дека Резолуцијата е поднесена денеска и се очекува веќе утре да се најде на дневен ред.

Во однос на резолуцијата од СДСМ, и дали ја разгледале, Мицевски рече дека не веруваат во чесна намера и од таа причина ја поднесуваат оваа Резолуција во која се наведуваат сите потребни елементи.

Николоски во Лондон го потпиша најголемото задолжување во независна Македонија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот