ВМРО-ДПМНЕ на протест побара увид во документот од преговорите со Бугарија

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска одржа протест на три локации во Скопје и во 10 градови низ земјава, на кој побара увид во документот од преговорите со Бугарија. На протестот беше истакнато дека македонскиот идентитет, јазик и историја се поважни од се.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски го побара од премиерот Зоран Заев „патоказот” за решението на спорот со Бугарија.

– Блокираме поради една причина да кренеме свест да го кренеме својот глас за тоа што се случува во позадина, за тоа што Заев и Бучковски го договараат и преговараат, а македонската јавност не знае ништо за тоа, рече Мисајловски.

Тој нагласи дека се собираат на улиците со цел да го кренат гласот, за да се покаже „што стои на маса”, односно дали се преговара повторно за македонскиот идентитет, за нацијата, за културата за јазикот.

– Сите ние сме за Европската Унија, но има нешто што е поважно од се, а тоа Македонија, македонската држава, нацијата, граѓаните и се разбира идентитетот и јазикот. Затоа повикуваме, да не прават погребни чекори. Ако се транспарентна влада како што најавуваа нека излезат пред граѓаните да покажат што има во тој договор или патоказ, нагласи потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека ќе излегуваат на протести и во следните денови, порачувајќи дека очекуваат власта да каже дали во нивната дипломатска мисија повторно се става идентитетот, јазикот културата на маса.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот