Кочо Анѓушев/ Фото: МИА

Вметнувањето на Анѓушев на црната листа на САД меѓу најматните настани за декември според Транспаренси

Како дел од проектот „Бистро-матно“ за редовни месечни и годишни анкети за корупција, „Транспаренси интернешнл-Македонија“, ги објави настаните кои беа актуелни во декември.

Најматен настан за месец декември според Транспаренси е неповикувањето на одговорност на судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово кој сам си ги поправал оценките на Тетовскиот универзитет.

„Судијата Ељведин Ферати од Основниот суд Тетово, дипломиран во шестата генерација слушатели на Академијата за судии и јавни обвинители, се пријавил на тогашниот оглас со оценка 8,20, а во дипломата за завршени студии по право на Тетовскиот универзитет имал просек 7,88.“

Како дел од „матните“ настани во месец декември е вметнувањето на Кочо Анѓушев на црната листа на САД.

„ Соединетите Американски Држави го ставија на својата црна листа бизнисменот и поранешен заменик-премиер Кочо Анѓушев, што практично значи дека нему му е забранет влез во САД. Забраната важи и за членовите на неговото семејство. “

Од Транспаренси го потенцираат и барањето на ДКСК за започнување на постапка против ЕСМ за случајот со набавката на мазут за потребите на ТЕЦ Неготино.

„Набавката на мазут од ЕСМ за потребите на ТЕЦ Неготино открива висока корупција, обвинителството да се зафати со случајот – ДКСК постапувајќи по сопствена иницијатива во врска со набавката на мазут за потребите на АД ТЕЦ Неготино извршена од страна на АД ЕСМ Скопје при што набавката тешка 212 милиони евра требало да ја изврши фирмата РКМ ДООЕЛ од Скопје утврди состојби од кои произлегуваат сомнежи за несовесно работење, искористување и злоупотреба на службената положба и овластувања од страна на службени лица од Министерството за економија, поранешен директор на ЕСМ и други службени лица од ЕСМ во својство на членови на комисија за спроведување набавка на мазут за потребите на ЕСМ / АД ТЕЦ Неготино“.

Матен настан за месец декември е и новото обвинение за „Скопје 2014“  во кој не се Груевски, Ставревски, Канческа, Тодоровиќ бидејќи со новите измени на Кривичниот законик, на нив им застаре делото.

„Обвинителот Љубомир Лапе поднесе обвинение за случајот „Феникс“, кој се однесува на „Скопје 2014“. Но, во него ги нема првоосомничениот Никола Груевски, второосомничениот, поранешниот министер за финансии, Зоран Ставрески, поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа – Милевска, поранешните градоначалници на општина Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Со измените на Кривичен законик, на нив им застаре делото. Единствен од осомничените, кој сега е обвинет, е поранешниот претседател на Советот на општина Центар, Владимир Здравев“. Тој се гони за перење пари. Покрај него, одговорност се бара за уште четири физички лица и шест фирми.“

Исто така во „матните“ настани за декември е и истражувањето на Македонскиот центар за меѓународна соработка кое покажува дека на секој жетил во Македонија му е побарано мито.

„Корупцијата по втор пат е на врвот на проблемите во Македонското општество, но сепак и понатаму останува неказнива – алармираше Македонскиот центар за меѓународна соработка. Податоците до кои дошол Центарот во рамките на најновото истражување, говорат дека на секој трети граѓанин во државата му било побарано мито, а секој четврти дал.“

Транспаренси во матните настани го вметна и дискриминирањето на Јавната обвинителка Ленче Ристоска од страна на Советот на јавни обвинители.

„Јавната обвинителка Ленче Ристоска била дискриминирана од Советот на јавните обвинители, потврди Комисијата за заштита од дискриминација. Членовите утрврдиле дека Ристоска била дискримиирана на два огласи на кои обвинителката се пријави за избор во Вишото јавно обвинителство во Скопје. Ристоска во неколку наврати јавно ја критикуваше работата на Советот. Таа го впери прстот кон ова тело тврдејќи дека е извор на тргување со влијание. Поради овие јавно искажани ставови на Ристоска, Советот покрена постапка пред Етичкиот совет на јавните обвинители за да се увиди дали има усогласеност на ваквите нејзини изјави со принципите на Етичкиот кодекс, но оваа постапка се’ уште нема епилог.“

Во делот на бистрите настани за декември заочнување на кривичната постапка против засегнатите кои незаконито го срушиле Хотелот Шар во Старата скопска чаршија којашто е со закон е прогласен за културно наследство. Од Транспаренси ја „поздравија“ и акцијата „Цицач“ во кој повеќемина беа уапсени поради фиктивно вработување на трудници, при што го оштетиле Фондот за 35.551.472 денари, кривичната постапка против Струмичанец којшто бил вработен во „Национални шуми“-Подружница „Беласица“ кој во два наврати ја злоупотребил службената положба. Транспаренси во бистрите настани ја вметна и одлуката на Врховен суд за одбивање на иницијативата на иницијативата на поранешниот премиер Никола Груевски, со која тој бараше до највисокиот суд да ја преиспита правосилната пресуда во случајот „Плацеви на Водно“.

Судија од тетовскиот суд дели правда и покрај пречкртаните оценки и покачениот просек од студиите на ДУТ

Агелер: Значително е зголемена корупцијата во последните 10 години, Анѓушев нема да биде последен на „црната листа“

Под истрага 11 лица кои уништувале културно наследство во старата скопска Чаршија, осомничени и функционери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот