ВИДЕО+ФОТО | „Вљубен сум во мојот кармин“: Дамиано Давид со нова фотосесија и гостин во „Туторијалите на Ники“

Instagram-Youtube
Instagram-Youtube

Италијанската рок – група „Måneskin“ победи на 65-тото издание на Евровизија. Девојките ширум светот „фрлија око“ на фронтменот Дамиано Давид. Сепак, тој е во среќна врска веќе подолго време, но и покрај тоа пејачот постојано објавува фотографии на социјалните мрежи со кои го привлекува вниманието на светската јавност.

На својот инстаграм – профил пејачот објави неколку фотографии на кои е со професионална шминка на лицето, а на усните носи кармин.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Damiano David/Måneskin (@ykaaar)

Под објавата Дамиано напиша: „Вљубен сум во мојот кармин“

Неговите зборови и фотографиите станаа вистински хит и собраа скоро милион и пол „лајкови“ и бројни коментари од фановите на фронтменот на „Måneskin“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)

Но, она што го привлече вниманието на корисниците на социјалните мрежи многу повеќе од самата фотографија е коментарот на девојката на Дамиано.

„И јас сум“, напиша Џорџа Солери, а коментарот им се допадна на повеќе од осум илјади фанови на пејачот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Måneskin (@maneskinofficial)


Бендот гостуваше и во еден од „Туторијалите на Ники“ со која се запознаа на овогодишниот избор за песна на Евровизија. Ники де Јагер беше една од водителките на музикиот фестивал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NikkieTutorials (@nikkietutorials)

Убавата Холанѓанка се прослави на јутуб како шминкерка и фризерка, а нејзиниот ЈуТјуб – канал „Туторијалите на Ники“, има над 13 милиони следбеници. Но, минатата година таа ги шокираше сите со своето признание.

Имено популарната инфлуенсерка, која кариерата ја започна во 2008 година со едноставни видеа со туторијали како да се нашминкате, лани преку 17-минутно видео откри дека всушност е родена како маж. 

Ники овој пат го имаше задоволството да го шминка токму Дамиано, а другите членови од бендот да оценат како им се допаѓа неговата нова шминка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот