Властите казнија актерка бидејќи приредила „корона забава“ за роденденот на својот сопруг

Фото: Инстаграм

Нигериската актерка Функе Акинделе-Бело (42) е уапсена откако и покрај карантинот и забраните за собирања, таа му приредила на својот сопруг роденденска забава.

Ѕвездата од бројни филмови и нејзиниот сопруг предизвикаа бес кај јавноста, откако на Инстаграм објавија фотогтрафии и снимки од забавата.

Интересно, актерката со денови им испраќаше на своите фанови пораки дека ги почитува правилата и да не излегуваат од дома, а беше дел и од кампањата на компанијата „Dettol Nigeria“, која објаснува зошто е важно да се остане дома и да се држи дистанца.

„Не можам да верувам како луѓето можат да бидат толку лицемерни. Богатите ги учат обичните граѓани за некаков ред до кој и самите не се придржуваат“, гласат само некои од коментарите на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

„Жал ми е ако погрешно ве учев со оваа снимка, ја разбирам вашата загриженост и ќе го практикувам сето она за што зборував од претходно“, одговори актерката.

Таа додаде дека на забавата присуствувале само нејзини блиски личности од продукциската куќа.

Парот во понеделникот се појави на суд, каде се изјаснија како виновни, а се казнети со 14 дена општокорисна работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот