Венко Филипче / Фото: СДСМ

„Власта сака контрола врз универзитетите“ – СДСМ бара повлекување на законот за образование

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче побара повлекување на предложените измени на законот за високо образование, нагласувајќи дека тие водат кон владина контрола над универзитетите и рушење на автономијата на универзитетите.

„Предложените измени на законот за високо образование се катастрофално лоши и наместо унапредување на квалитетот тие воведуваат владина контрола врз универзитетите, една форма тоталитаризам. Создаваат дискриминација кај младите, ја рушат автономијата на универзитетите и отвораат врата за партизација и креираат системски и социјални неправди“, посочи Филипче.

Според него, со овие предложени измени брутално се централизира моќта кај министерот, односно кај владата, и со тоа, како што рече, се нарушува автономијата на универзитетите.

„Преку членовите слоеви од 198, 199 и 201, министерот станува најмоќна фигура во високото образование со можност да укинува одлуки на универзитетски органи. Наместо координатор, министерот станува наредбодавец и една форма на апсолутен владетел. Членот 13, наместо да ја штити институционалната независност, отвора механизам за директна контрола од извршната власт. Ова е спротивно на европските стандарди и принципите на институционална автономија. Универзитетите не смеат да бидат продолжена рака на владата“, рече Филипче.

Тој дополнително предупреди дека доколку законот се поднесе во сегашната форма, тоа ќе значи сериозна ерозија на автономијата и ќе предизвика партиска контрола на универзитетите.

„Доколку се поднесе и доколку оваа власт опстои така како што тоа го прави во секој еден сектор и тврдоглаво влезе во брутална партизација, елиминација на автономијата на универзитетите, кратење на можностите на младите, промовирање на некои нивни стари пензионирани веќе професори за дополнителна партиска контрола, немање ефикасни и ефективни предлог механизми како да се развие системот да може да се развива научно-истражувачката работа, па тогаш да стигнеме после 5-10 или 15 години да може да се продуцираат такви трудови. Доколку се поднесува во оваа форма во Собранието, ќе иницираме јавна расправа за да може целокупната стручна јавност да земе збор и да се слушне нивниот глас, за овој закон никако да не помине во оваа форма туку да се модифицира“, појасни претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Министерството за образование со професорите ќе ги расправа измените на Законот за високо образование – Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот